spot_img
16.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021
spot_img

263 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи. Од нив, 22 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести