9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Приведен разбојник од Скопје, кај него пронајдени пиштол и муниција

На 26.09.2021 во 21.10 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ на 17.09.2021 во спортска обложувалница на ул.„Финска“ во Скопје.

Подоцна, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести