spot_img
20.8 C
Skopje
недела, септември 26, 2021
spot_img

338 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 338 возачи. Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести