10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Народната Банка на Кина објавила дека сите трансакции со криптовалитите ги смета за илегални и бара нивно формално откажување

Кина издала соопштение дека ќе се пресмета со криптовалутите.

Народната Банка на Кина објавила дека сите трансакции со криптовалитите ги смета за илегални и бара нивно формално откажување. Во изјавата е наведено дека се загрижени поради националната безбедност и безбедноста на имотот на кинеските граѓани.

Банката тврди дека криптовалутите не се фиат валути и неможат да се користат во прометот. Сите трансакции во кои се вклучени и криптовалути се сметаат за криминална финсиска активност. Банката бара од финансиските и интернет компании на своите платформи да прекинат да ги прифаќаат тарансакциите во криптовалити. Исто така ќе бидат забранети и странски сервиси кои ги нудат тие услуги на кинеските резиденти.

Како што се вели во извештајот, оваа одлука е донесена поради зголемен обим на “перење пари“, илегални трансакции, проневера, пирамидални шеми, како и останати криминални активности кои имаат врска со криптовалути.

Сите кои во иднина ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат предмет на истрага.

Покрај Банките, во “гасење“ на криптовалутата вклучени се и некои други државни агенции. Националната комисија за развој и реформи, разработува начин со кој би можело да се запре рударење на криптовалута, додека локалната администрација на провинцијата Сихуан, тоа веќе го направила уште во јуни оваа година – поради што некои од сериозните крипто рудари веќе ја напуштиле државата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести