spot_img
17.8 C
Skopje
недела, септември 26, 2021
spot_img

Изборите во Германија вечерва ги споија Заев и Мицкоски

Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Наместо жешка политичка дебата, овој пат атмосферата е порелаксирана за лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а покрај нив е германската амбасадорка Анке Холштајн.

Дел од македонскиот политички врв и дипломатите вечерва во Амбасадата на СР Германија го следат исходот од изборите, после кои во Бундестагот ќе биде избран новиот канцелар на Германија, наследник на досегашната канцеларка Ангела Меркел која оваа функција за извршуваше во последните 16 години.

Според анкетите СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.
СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти.

Фото: дв

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести