20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЛЕВИЦА: Топлификација мора да биде вратена во рацете на народот

Вчера беше објавено дека компанијата „Адора“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец го купила имотот на „Топлификација“ за 9,3 милиони евра. Притоа, државните институции останаа неми, иако контролата над стопанисувањето со природните монополи не смее да припаѓа на никој друг освен на државата. 

Катастрофалните неолиберални политики на минатите власти доведоа до приватизација на природниот (државен) монопол во снабдување со топлинска енергија – АД „Топлификација“.

Овој чекор немаше никаква економска логика, туку напротив резултираше со одлевање на огромни финансиски средства во приватни џебови, поскапување и влошување на услугите. Во годините што следеа, приватната компанија Балкан Енерџи Груп (БЕГ) оствари огромна заработка, не само од тековното работење туку и од измислени судски процеси против граѓаните. Илјадници граѓани беа приморани со години да се влечат по судови бидејќи од нив се бараше да плаќаат сметки за затоплување, иако тие веќе не биле поврзани со мрежата за греење. Судовите редовно пресудуваа на штета на граѓаните, на кои им беше наложувано да ги платат „долговите“ кон оваа компанија, без притоа да се води сметка за нивната моментална материјална состојба. 

Ваквите неправди ќе продолжат се’ додека природните монополи и другите услуги од јавен интерес се во приватни раце. Меѓутоа, покрај тоа што се неправедни, приватизациите на природните монополи се и економски нерационални. Наместо приходите од топлификација да се влеваат во јавниот буџет и да се искористат за подобрување на јавните услуги, тие се искористени за зголемување на моќта на оние кои се изживуваат врз граѓаните. Недозволиво е Чифлиганец или било кој приватен интерес да поседува природен монопол во државата. Државата мора да го врати во јавна сопственост она што му припаѓа на народот. Во спротивно, богатењето на поединци како Чифлиганец ќе продолжи на сметка на граѓаните, односно парите ќе продолжат да се прелеваат од народот кон алчни и корумирани поединци. 

Приоритет на Левица по освојувањето на власт ќе биде национализацијата (експропријација) на „Топлификација“ и сите други природни монополи и јавни ресурси кои се од стратешко значење за државата, како и кривично гонење на сите оние кои биле вклучени во процеси на нивно нелегетимно отуѓување од народот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести