spot_img
14.8 C
Skopje
петок, септември 24, 2021
spot_img

ОЈО Скопје поведе постапка против 35-годишна осомничена за шест кривични дела – Тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 35-годишна осомничена за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа искористила момент на невнимание и и ја одзела торбата во која имало паричник со картичка и пари, како и еден дуксер, во вкупна вредност од 6.000 денари.

На 8 септември, пријавената дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 16.000 денари. На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички.

Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари.

На 21 септември осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да и даде пари за лекови, па и го грабнала паричникот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постои опасност таа се да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести