10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Пендаровски во Њујорк оствари средба со претставници на „Македонија2025“

Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025“.

На средбата, претставниците на „Македонија2025“ го информираа Претседателот за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина.

Претседателот Пендаровски истакна дека „Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изрази својата поддршка за нивната работа.

Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на „Македонија2025“ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.

На средбата стана збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање и други проекти преку кои активно се градат лидерски вештини кај младите и се поддржува нивниот талент.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за вклученоста на „Македонија2025“ како партнери и поддржувачи на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести