23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДЗСИ започнал вонреден надзор со кој се испитува високата смртност од ковид-19 кај пациенти помлади од 40 години

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) започнал вонреден надзор со кој се испитува високата смртност од ковид-19 кај пациенти помлади од 40 години, објави Сител.

Од Инспекторатот велат дека нивните служби ги прегледуваат целокупното лекување на починатите помлади пациенти, од позитивниот тест, преку болничкиот престој, до смртниот исход.

Доколку се утврдат индикации за недостатоци во лечењето и севкупниот третман на овие пациенти, од ДЗСИ велат дека за конкретните случаи може да се побара стручен надзор, односно да биде формирана стручна комисија која дополнително ќе ги истражува причините за нивната смрт.

Според д-р Билјана Попоска од Клиниката за пулмологија, помладите пациенти често ги занемарувале симптомите како главоболка, висока телесна температура и болки во грлото, мислејќи дека состојбата ќе им помине како настинка, но подоцна нивната клиничка слика се влошува и тие се примаат во болница со ниска сатурација, со неизвесен исход на третманот.

Дополнително, помладите пациенти често и не знаат дека имаат одредени хронични состојби, што уште повеќе го отежнува нивното лекување, вели д-р Попоска, која апелира сите пациенти навреме да се јавуваат кај матичните лекари, за што порано да го почнат третманот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести