10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус

Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус, а националните здравствени службеници се испратени таму за да се справат со можниот нов фокус.

Градот со 9,5 милиони жители во североисточна Кина денеска пријави три нови случаи на инфекција, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата.

По првиот пријавен случај властите започнаа масовно тестирање и ги затворија училиштата. Градските власти наредија затворање на поголеми места за собирање како што се кина, кафулиња, спортски сали и салони за убавина.

Градските власти бараат од граѓаните негативен тест за коронавирус за да патуваат, но дозволени се само неодложни патувања, додека останатите треба да останат дома.

Кина успеа да спречи широко распространето ширење на вирусот во нејзините граници со спроведување скапа и ригорозна стратегија која се потпира на затворање на градови и региони и масовно тестирање.

Пред десетина дена градот Путиан со 2,9 милиони жители исто така беше ставен во карантин поради 19 нови случаи на заразени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести