9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Наташа Беквалац: Слободно можам да кажам дека не дојдов денес да поддржувам ЛГБТ, туку да потврдам дека сум дел од нив

Уште една Парада на Гордоста имаше во Србија, а овогодишна „кума на парадата“ е Наташа Беквалац.

Веднаш на почетокот на своето обраќање, таа ги упати следниве зборови:

„Среќна гордост“, а потоа ја повтори реченицата што ги изненади сите:

„Слободно можам да кажам дека не дојдов денес да поддржувам ЛГБТ, туку да потврдам дека сум дел од нив“.

Беквалчева продолжи да зборува со брутално силни зборови за поддршка:

„Ова е ден за сите суштества кои веруваат дека љубовта е закон, кои веруваат дека слободата е за сите, кои веруваат во еднаквост и за мене постои само еден закон, а тоа е љубовта – љубовта е закон“ – рече таа, а потоа додаде:

„Ќе ми биде чест да шетам со вас денес, за сите нас и подобро утре“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести