spot_img
14 C
Skopje
вторник, септември 21, 2021
spot_img

Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ зошто тоа не е компромис и ја уназадува Србија

Го одбив предлогот на ЕУ зошто тоа не е компромис и ја уназадува Србија. Донесовме заклучоци, Србија ќе продолжи да инсистира на зачувување на мирот и целосната безбедност за Србите во Косово и Метохија. Изјавите во кои тие не изедначуваат и велат дека двете земји се виновни се несоодветни, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

На седницата се разгледа актуелната ситуација и се договораа мерките што Србија ќе ги преземе, а за кои Вучиќ нагласи дека ќе бидат економски и политички, но пред се економски.

Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница да ја разубеди Приштина, така што Србија нема да мора да спроведе никакви мерки. Вучиќ им порача на Србите од Косово и Метохија, да не станат жртви на провокациите на Приштина.

Вучиќ истакна дека проблемот ќе се реши некако, но не со понижувачки предлози кон Србија.

Запрашан да ја коментира изјавата на вицепремиерот на Косово, Бесник Бесљими, кој рече дека Приштина нема да формира Унија на српски општини се додека се смета дека е штетна за институциите и територијалниот интегритет на Косово. Вучиќ рече дека Бесљими е клучен човек заедно со Курти.

Тој ја праша ЕУ дали воопшто постои бриселскиот договор.

Само чекам да го слушнам тоа од ЕУ, бидејќи тие се гаранти на бриселскиот договор. И ние го испративме тоа прашање до ЕУ, зошто да дојдеме во Брисел ако не можете да гарантирате и ако тој договор не може да се спроведе – додаде Вучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести