13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! ДВА БОНА ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ” – ЗА БОМБАСТИЧНО ОТВАРАЊЕ НА СЕЗОНА 2 (видео)

Медиа.мк и најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја продолжуваат соработката со нова сезона на “Лазаров Шоу”. Првата сезона ги исполни очекувањата и внесе огромен новитет во шоу бизнисот. Вашите омилени личности од музиката, спортот, уметноста ви ги претставивме во едно друго издание, одговараа на “незгодни прашања” и открија многу работи кои беа непознати за јавноста.

Овој пат одлучивме да го промениме концепот, стандардните интервјуа да ги замениме со забава која со сигурност ви гарантира многу насмевки и позитивна енергија. Овој пат емисијата ќе биде составена од три забавни рубрики, а гости ќе има од сите области, и млади и стари, и професионалци и почетници. Стефан и ние од медиа.мк покажавме дека нашите ветувања важат, а овој пат ви ветуваме вистинско шоу кое ќе ги помести стандардите.

Гостувањето на Два Бона во минатата сезона помина одлично, но поради техничка грешка, а на големо разочарување на фановите, емисијата беше избришана. Затоа Стефан одлучи уште во првата емисија од новата сезона да ги покани момците и да обезбеди вистинско шоу за публиката. Кун и Тони ќе се најдат во доста незгодни ситуации, а без многу да би откриеме ве повикуваме да бидете на јутјуб каналот на Лазаров во недела во 16:00 часот.





Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести