2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Италија стана првата држава во Европа која бара ковид пасош за сите вработени

Италија стана првата држава во Европа која бара ковид пасош за сите вработени.Работникот кој нема да може да презентира валиден здравствен сертификат може да се соочи со суспензија од работа и може да му биде запрена платата по пет дена, но не може да биде отпуштен информираше министерот за здравство на Италија Роберто Сперанца Според него новите мерки ќе ја подугнат свеста за имунизација .

Противниците на зелениот сертификат тврдат дека овој документ, ги крши слободите на граѓаните .Иако имаше одделни групи против имунизација , голем дел од Италијанците ја поддржаа владината кампања .

Строги анти-ковид мерки во Италија ќе стапат на сила од 15 октомври, со цел да се поттикне имунизацијата во земјата која е тешко погодена од корона вирусот. Мерките се први во Европа и едни од најстрогите во светот.„Зелената карта“ претставува доказ за вакцинација, негативен тест или прележан Ковид-19.

Сертификатите веќе се користат за пристап до железнички станици, одење во кино, ресторан, спортски сали и базени, како и за училишниот персонал.

Досега околку 65% од Италијанците се имунизирани со две дози.

Неколку европски земји го користат здравствениот сертификат за рекреативни активности и патувања, но ниту една не го прогласила за задолжителен за сите работници во јавниот или приватниот сектор.

Италијанската медицинска агенција АИФА минатата недела објави дека одобрила трета засилувачка доза за здравствените работници кои се често се изложени на инфекцијата како и за ранливите групи граѓани.

Зелениот картон првично беше воведен за да го направи патувањето во рамките на ЕУ поефикасно, и оттогаш неколку земји воведоа правила луѓето да го покажуваат сертификатот од различни причини. Франција бара здравствена дозвола за пристап до ресторани, барови, авиони и возови, додека Австрија и Кипар се меѓу другите земји на ЕУ што користеле слични шеми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести