3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувана г-ѓо Берта Романо-Николиќ,

Почитувани припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија,

Дозволете ми во мое лично име и во име на сите граѓани на Република Северна Македонија да Ви посакам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур ‒ празникот на помирувањето, покајанието пред Бога и простувањето, да го минете во духовен мир, молитва и надеж.

Овие денови посветени на пост и негување на традицијата се неопходни за одржување на чувството на душевен мир, особено денес кога современиот начин на живеење носи непредвидливост и неизвесност.

Премрежјата од минатото испреплетени со предизвиците во иднината, најсилно се чувствуваат во деновите посветени на Господ, а тие се исклучително важни за секој од нас посебно, но и за цврстината на нашите заедници и на општеството во целина.

Република Северна Македонија е благодарна за богатството на верските и етничките традиции на своите граѓани, меѓу кои особено е значаен придонесот и на Еврејската заедница.

Упатувајќи Ви Вам и на сите припадници на Еврејската заедница желби за благословен Јом Кипур, посакувам овој период во годината да Ви донесе мир, љубов и среќа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести