13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МВР и РСБСП: Вози Велосипед! Почитувај ги сообраќајните правила и прописи! (видео)

„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот.

Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и МВР во наредните седум дена ќе реализираат низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот, а почетокот е денеска во Скопје.

„Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки и многу други.  Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација. Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано  се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина. Еколошките бенефити кои ги носи велосипедизмот се исто така доста значајни. Велосипедот како превозно средство не троши фосилно гориво, и со тоа нивото на издувни гасови во воздухот се намалува и квалитетот на воздухот расте. Што значи дека колку повеќе автомобили отстраниме од улица, и ги замениме со велосипеди, толку подобро за сите нас,  за нашето здравје, и околината во која што живееме„ рече Гордана Кожуваровска, претседателка на РСБСП.

Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од дневните патувања кои ги правиме секојдневно се пократки од пет километри,  што ги прави идеални за изминување со велосипед, посочи Кожуваровска, додавајќи дека користењето на велосипедот како превозно средство овозможува да ги избегнете метежите по улиците, да патувате безбедно и да пристигнете до вашата дестинација побрзо, а го елиминирате и еден од најголемите проблеми на патувањето со автомобил, а тоа се паркинг местата.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека возењето велосипед има многу бенефити и мора сите институции да го стимулираат на секој возможен начин, но мора и при управувањето на велосипед да ги почитуваме сообраќајните правила.

„Евидентно е дека во последните години се повеќе се користат велосипедите и дека имаме се повеќе велосипедски патеки, особено во Скопје, што е за поздравување. Но, како и сите учесниците во сообраќајот, и велосипедистите мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Почитувајќи ги правилата ја обезбедуваме својата безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Ние во соработка со РСБСП продолжуваме со превентивните, но и репресивните активности во областа на сообраќајот, кои евидентно даваат резултати. Во август оваа година имаме шест жртви во сообраќајните несреќи, а во август минатата година имало 19. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

И Министерството за внатрешни работи во своето редовно полициско работење воведе и велосипедски патроли, составена од униформирани полициски службеници кои извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите. Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести