Карантинот во австралиската престолнина Канбера е продолжен до средината на октомври, соопштија властите. Околу 400.000 жители на главниот град беа принудени да останат дома еден месец откако беше идентификуван првиот случај на ковид-19 во градот.
Жариштето, поврзано со варијантата делта, е ограничено, со 252 активни случаи и 276 луѓе кои оздравеле. Премиерот на територијата на главниот град на Австралија, Ендрју Бар рече дека властите сакаат да продолжат да го ограничуваат пренесувањето на вирусот и да вакцинираат што е можно повеќе луѓе.