spot_img
21.8 C
Skopje
вторник, септември 14, 2021
spot_img

Кривична пријава за лажно пријавување кривично дело

На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода  Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“. На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести