spot_img
27.8 C
Skopje
вторник, септември 14, 2021
spot_img

Карантинот во австралиската престолнина Канбера е продолжен до средината на октомври

Карантинот во австралиската престолнина Канбера е продолжен  до средината на октомври, соопштија властите. Околу 400.000 жители на главниот град беа принудени да останат дома еден месец откако беше идентификуван првиот случај на ковид-19 во градот.

Жариштето, поврзано со варијантата делта, е ограничено, со 252 активни случаи и 276 луѓе кои оздравеле. Премиерот на територијата на главниот град на Австралија, Ендрју Бар рече дека властите сакаат да продолжат да го ограничуваат пренесувањето на вирусот и да вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести