1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со израелскиот претседател Херцог

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Државата Израел, Исак Херцог.

Претседателот Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел упати најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија.

Воедно, во телефонскиот разговор израелскиот претседател упати честитки до претседателот Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста, констатирајќи дека Северна Македонија од независноста до денес помина тежок пат.

Како две традиционално пријателски земји, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Северна Македонија, посочи претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести