9.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ВМРО ДПМНЕ: Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче

Соопштение за јавност од ВМРО ДПМНЕ

Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово.

Дознавме дека моралната одговорност на Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува.

Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста.

Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка.

Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата.

Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести