spot_img
26.8 C
Skopje
петок, септември 10, 2021
spot_img

Европската Унија ја отстрани Србија и пет други земји од листата на безбедни земји за патување

Европската Унија ја отстрани Србија и пет други земји од листата на безбедни земји за патување, што значи дека патниците од тие земји може да се соочат со дополнителни контроли при влез во ЕУ, како што се карантин или тестови.

По ревизијата на списокот, лидерите на ЕУ се согласија да ги отстранат Србија, Јапонија, Албанија, Ерменија, Азербејџан и Брунеи од листата, додека Уругвај беше додаден на листата на безбедни земји за патување.

По овие промени, останаа само 12 земји на листата на ЕУ за безбедни земји за патување, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Саудиска Арабија.

Европската Унија ќе продолжи да дозволува влез на повеќето целосно вакцинирани посетители од земјите надвор од Блокот, иако во некои земји може да се бараат тестови и карантин дури и за тие патници.

Со оваа листа, ЕУ се обидува да ги обедини правилата за патување за време на пандемија на коронавирус, но не ги обврзува одделните земји на кои им е дозволено да ги одредат правилата за влез на нивната територија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести