6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Левица: Неспособноста на оваа власт која овојпат беше платена со човечки животи, не смее да помине без оставки и одговорност

Соопштение од Левица:

Левица изразува најдлабоко сочуство до семејствата на трагично починатите во пожарот на модуларната болница во Тетово.
Врвот на неспособноста, оваа Влада, на чело со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, го  достигна на денот на независноста 8-ми Септември, кога при избивањето пожар во модуларната болница во Тетово, на трагичен и грозоморен начин беа изгубени 14 животи. 
Одговорност мора да има! Иако владините релативизатори веднаш перфидно се обидоа да го свртат јавниот дискурс што подалеку од барањето вина, Левица не отстапува од барањето одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство, најтемелно да ја заврши својата работа и при најмал сомнеж за било какви неправилности, да отвори постапка за виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.
Оставки мора да има! И при далеку помали трагедии, во било која нормална држава одговорните од државниот врв веднаш поднесуваат неотповикливи оставки. Во Македонија, која во овие 30 години се има претворено во легло на корупцијата и криминалот, практично не постои политичка одговорност.

Јавно ги повикуваме Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче да си поднесат неотповикливи оставки! Тоа е најмалку нешто што можат да го направат во моментот. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести