spot_img
22.8 C
Skopje
четврток, септември 9, 2021
spot_img

Филипче: Тешко е да се опише со зборови тежината и болката која ја чувствувам, после завршувањето на истрагата ќе донесам одлука за тоа дали ќе поднесам оставка

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференијата која е во тек замоли за трпение додека трае истрагата и истакна дека на денешната владина седница била донесена одлука за вклучување ескперти од странство со цел спроведување независна и темелна истрага. Тој веќе побарал сите наоди да бидат презентирани во јавноста и рече дека од одговорност никој нема да биде изземен.

Филипче рече и дека во моментот кога во тетовската модуларна болница избил пожарот биле хоспитализирани 26 пациенти, имало двајца лекари и четири медицински сестри.

– 12 пациенти кои се евакуирани се во болницата во Тетово и се во стабилна здравствена состојба. Нема повредени и починати здравствени работници. Телата на 14 пациенти кои ги загубија животите се пренесени на Судска медиина, и тие биле возраст од 29 до 79 години. Освен класични обдукциони наоди ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани семејствата на пациентите, рече Филипче.

Тој истакна дека квалитетот и безбедноста на модуларните болници се доведува во прашање, но постои документација која ќе се разгледа и точно ќе се утврди што се случило. Појасни дека квалитетот, според интерниот увид, покажал дека сите материјали се со сертификати од производителите, а процесот на инсталација бил спроведен со атестирање.

Во однос на повикот за негова оставка од јавноста рече дека од одговорност не бега и нема да бега, но ќе чека да заврши истрагата.

– И овој период има потреба на менаџирање и апсолутно после завршувањето на истрагата ќе ја донесам оваа одлука за тоа дали ќе поднесам оставка. Тешко е да се опише со зборови тежината и болката која ја чувствувам и навистина сочувствувам со семејствата на сите загинатите, рече Филипче.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести