spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, септември 9, 2021
spot_img

Д-р Цана: Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени

Доктор Фадил Цана, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни и фербилни болести во емисијата 24 анализа, во врска со вчерашната трагедија во Тетово, истакна дека како лекар смета дека за оваа трагедија треба да се сноси одговорност.

„Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени. Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид центар не служел само за лекување туку тоа било жариште за проширување на инфекцијата“, кажа Цана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести