11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СТРАШНО: Европа оваа година го имала најтоплото лето во историјата на мерењата

Европа оваа година го имала најтоплото лето во историјата на мерењата, но само малку потопло од претходните рекорди за периодот од јуни до август, објавиле научниците од Европската унија.

Европската програма „Коперникус“ за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август е скоро за еден степен повисока отколку во истиот период од 1991 до 2020 година, што ја прави најтопла досега.

Претходните рекорди биле измерени во 2010 и 2018 година.

Жешкото лето 2021 година е најновото во серијата трендови на климатските промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови.

Коперник има записи за климата од 1950 година, но исто така користи и други бази на податоци кои датираат од средината на 19 век.

Во соопштението се наведува дека август оваа година, заедно со истиот месец во 2017 година, бил третиот најтопол месец на глобално ниво во историјата на мерењата и за 0,3 степени потопол од просекот помеѓу 1991 и 2020 година.

Во Европа, август бил близу до просекот од тој период, но не на целиот континент. Медитеранските земји имале рекордно високи температури, источно од континентот имало натпросечно топло време, а на север под просечни температури.

Еколошките организации денеска повикаа на одложување на климатската конференција COP26, која веќе беше одложена еднаш минатата година поради пандемијата, а потоа се презакажа на 31 октомври до 12 ноември во Глазгов.

Делегати од 190 земји обично доаѓаат на конференцијата, но многу земји во моментов се борат со новиот бран на инфекција и купување вакцини, па затоа состанокот треба да се откаже, објави Климатската мрежа за акција (КАН).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести