Досега се потврдени 14 жртви во пожарот кој вечерва изби во Тетово но неофицијални информации велат дека оваа бројка може да се искачи дури и до 30 лица со оглед на тоа што теренот се уште детално се пребарува.
Меѓу починатите има пациенти но и лица од нивните семејства и медицински персонал кој вечерва бил на смена.
Се уште се чекаат официјални информации. На терен е премиерот Заев, министерот Филипче и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
