10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Советникот на претседателот на Црна Гора Веселин Веjовиќ е уапсен во Цетиње

Советникот на претседателот на Црна Гора Веселин Веjовиќ е уапсен во Цетиње, јавуваат црногорските медиуми.

Оваа вест за „Вијести“ ја потврди Дритан Абазовиќ, а во истата прилика зборуваше и премиерот Здравко Кривокапиќ.

Кривокапиќ на својот Твитер профил напиша дека нападот врз полицијата е напад врз државата.

– Сосема е јасно дека директорите и организаторите се највисокото раководство на Демократската партија на социјалистите во соработка со организирани криминални групи на кои државата ќе им застане на патот – рече Кривокапиќ.

Треба да се потсети дека Веjовиќ, како што се тврди, го започнал напад врз полицијата порано во текот на протестот против устоличувањето на црногорскиот и приморски митрополит Јоаникије.

Видеото од тој напад на Твитер го објави вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести