5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЕУ ќе соработува со Талибанците под строги услови

ЕУ ќе соработува со Талибанците под строги услови, но тоа не значи дека блокот ја признава новата авганистанска влада.  Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман”, рече Борел на прес -конференција во Блед, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека овој ангажманот ќе се интензивира во зависност од однесувањето на владата во Кабул, односно од фактот дали Авганистан нема да служи како „база за извоз на тероризам во други земји“ и дали ќе ги почитува човековите права, владеењето на правото и медиумите.

Според него, Авганистан, исто така, ќе мора да формира инклузивна, репрезентативна преодна влада, да обезбеди слободен пристап до хуманитарна помош и да дозволи странски државјани и Авганистанци да ја напуштат земјата.

Борел нагласи дека ЕУ има за цел да ги координира своите контакти со Талибанците преку заедничко присуство на ЕУ во Кабул за да ги следи евакуациите и да обезбеди дека новата авганистанска влада ќе ги исполни обврските како што се безбедноста и човековите права.

„Одлучивме да работиме координирано, да ги координираме нашите контакти со Талибанците, вклучително и преку заедничкото присуство на Европската унија во Кабул, доколку се исполнети безбедносните услови“, рече Борел.

Тој додаде дека ЕУ, исто така, ќе се обиде да го координира ангажманот со партнерите во регионот, во области како што се миграциските текови и организираниот криминал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести