Овен
Сака брзо да вози. Многу е импулсивен и тврдоглав, па најдобро е да не му пречите додека вози. Сака да има целосна контрола на патот, но секогаш ќе се нервира доколку нешто му ги наруши плановите, како на пример, метеж во сообраќајот или, пак, сообраќајна несреќа.
Стрелец
Како уште еден импулсивен возач, стрелецот никогаш не може да ги погоди правилните движења во сообраќајот. Исто така, тој не може да паркира паралелно, ниту, пак, полека да врти. Многу е нетрпелив како возач, но и како патник во текот на патувањето.
Рак
Спротивно од овенот и стрелецот, ракот е бавен возач кој сака да биде исклучително внимателен додека е на патот. Веројатно, ќе му биде потребно многу време за да стигне до одреденото место, а тоа може да биде прилично напорно за оние кои се возат со него.
