6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ соочени со раскол и проблеми, дефокусираат со лаги, ама не им поминуваат

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Стефан Васев

Младиот Васев за жал ја добил улогата со лаги и манипулации да ја дефокусира јавноста од проблемите и расколот кој се случува во СДСМ.

СДСМ стана приватна компанија во која не вирее демократија, во која султанизмот на Заев е над се, а лагите им се за добро утро. Затоа паѓа рејтингот на партијата, а коалицијата им се растура. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говорат нивните членови и коалициски партнери. Затоа на овие избори од СДСМ се одвои ДОМ и ЛДП, затоа партијата на Колашинац најави самостоен настап, затоа независни кандидати се Максим Димитриевски во Куманово и Зоран Ногачевски во Дебарца. Од Заев веќе сите почнаа да бегаат, а допрва ќе бегаат после изборниот пораз.

Што се однесува до лагите кои ги лиферува СДСМ преку Васев, се истите оние за кои платија милиони да ги објават на билборди. Но сепак свесните граѓани не потпаѓаат на ваквите невистини па во тоа препознаа лажна вест и за тоа како ВМРО-ДПМНЕ сме им многу благодарни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести