8.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Визијата на Шилегов до младите е градете дивоградби исто како и урбаната мафија

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на средбата на Шилегов со младинските здруженија

Денес Шилегов среќавајќи се со младинските организации добро беше да им објасни зошто законите не важат за сите подеднакво. Зошто просечно семејство за изградба на настрешница му треба дозвола, а за изградба на зграда како Шилегов нема потреба од дозвола.

Визијата на Шилегов до младите е градете дивоградби исто како и урбаната мафија.

Жално е што првиот човек на градот е дел од урбаната мафија градејќи дом станбена зграда која е дивоградба. Тоа значи дека лудилото и забеганоста достигнуваат максимум. Затоа денес Шилегов бега од одговори на две клучни прашања: зошто градел дивоградба, и второ како се стига со чиновничка плата до станбена зграда?

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести