6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Шахпаска: Пописот ќе ни овозможи реална слика за потребата од отворање на нови Дневни центри за лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска ги посети Дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле.

Во Дневниот центар за деца со аутизам, каде услигите ги дава невладиното здружение „Имаго плус“ се вршат индивидуални и групни третмани за околу 108 деца на возраст од 20 месеци до 14 години.

Центарот за деца со аутизам е резултат на успешната соработката помеѓу граѓанскиот сектор и Министерството за труд и социјална политика.

Тука децата со аутизам ги добиваат најсоодветните третмани со кои се подобрува нивната здравствена состојба.

„За да можеме како Министерство за труд и социјална политика, за да може локалната самоуправа како партнер, за да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки. Оттука, пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5ти септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата“, рече министерката Шахпаска.

Во Дневниот центар вработени се логопеди, психолози, дефектолози и социјални работници. Тие освен за деца со аутизам се грижат и за деца со даунов синдром, церебрална парализа и ментална попреченост. Покрај психосоцијалните третмани и поддршката за децата, тимот обезбедува и советодавна помош за нивните родители.

Нивното успешно работење е евидентно. Секоја година околу 20 деца со дислексија или дисграфија по  третман од 12 месеци се  подготвени лесно да се вклучат во градинките или училиштата.

Шахпаска нагласи дека крајната цел на социјалната реформа е инклузивно општество што ќе значи промена од традиционалниот пасивен во активен пристап на испораката на социјалната заштита.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести