19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Филипче: Според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се, како што рече, пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа.

Филипче посочи дека според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност.

-Во овој момент се уште траат испитувања во однос на тоа каков ефект има трета доза на вакцина. Една од последни студии која излезе беше студијата во Израел, која што укажа на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста после дадена трета доза од вакцините. Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во денешното гостување во дневникот на Сител.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести