Научници од американскиот Универзитет во Мичиген тврдат дека успеале да пресметаат колку одредени продукти го скусуваат или продолжуваат човечкиот живот.
Резултатите од нивното истражување делумно ги објавил и интерпретирал The Telegraph кој пренесува дека “прдмет на истражување“ биле преку 6.000 различни продукти и производи.
Истиот лист наведува: “Дека секој изеден грам од колбас, во просек 27 секунди одзема од животот“.
Но посебно апострофира и предупредува дека еден изеден хот-дог одзема 36 минути животот, а кола – 12,5 минути“.
Научниците од Мичиген добиле потврда и за тоа дека животот се скратува и од конзумирање на црвено месо.
Од друга страна тврдат што допринесува за долговечност.
Пресметале дека порција ореви и ковчести плодови на животниот век му додаваат 26 минути, а оброк од лосос – 16 минути.
Мешунките, овошје и зеленчук се класифицирани како “корисни продукти“.
Нивна препорака е: свртете се кон риби и храна од зеленчук.