spot_img
18.8 C
Skopje
сабота, август 28, 2021
spot_img

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во посета на Сараево

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој денеска е во посета на Сараево, бил пречекан пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина со сите воени почести.

Ердоган беше пречекан од претседателот на Претседателството, Жељко Комшиќ, а пред да влезат во зградата на Претседателството, се интонираа химните на Турција и Босна и Херцеговина, пренесува порталот Кликс.

Потоа Ердоган бил поздравен од бошњачкиот член на Претседателството, Шефик Џаферовиќ, а пред зградата на Претседателството го немало српскиот член, Милорад Додик, кој се очекува на состанокот.

Претходно Ердоган беше сведок на партиски лидер на БиХ.

Шаријатската венчавка на ќерката на лидерот на СДА Бакир Изетбеговиќ, каде еден од сведоците беше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, заврши во џамијата Хусрев-бег во Сараево. Верската венчавка ја изврши реис-л-улема Хусеин Кавазовиќ, по што следувала граѓанска венчавка и веселба во хотелот Европа во Сараево.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска прошета и низ сараевската Башаршија, каде што беше пречекан од голем број граѓани, а некои од нив успеаја кратко да разговараат со него, пишува сараевскиот портал Кликс.

Се наведува дека Ердогн пешачел од гробиштата во Ковачи, каде што, веднаш по пристигнувањето во Сараево, му оддал почит на Алија Изетбеговиќ, во џамијата на Бачаршија, каде што ќе ја извршил џумаевата молитва.

Реис-л-улема од Исламската заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ, во својата проповед на денешната петочна молитва, му се заблагодарил на претседателот на Турција за неговата постојана грижа за Босна и Херцеговина.

Меѓу другото, Кавазовиќ рекол дека верува оти со присутните ја споделува големата радост што турскиот претседател Ердоган, за кого рече дека е „брат“ на муслиманите во БиХ, присуствувал на оваа петочна молитва во Хавадзе Дурак или Чаршиската џамија во Сараево.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести