spot_img
26.8 C
Skopje
сабота, август 28, 2021
spot_img

Вицепремиерот Николовски во Македонска Каменица: Подеднакво инвестираме и се грижиме за секоја општина, приоритетите на граѓаните се наш приоритет

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, по повод Денот на рударите и Денот на Општината беше во посета на Општина Македонска Каменица.

Заедно со градоначалничката на Општината, Соња Стаменкова, присуствуваа на народниот црковен собир по повод христијанскиот празник Света Богородица и на промоцијата на новиот Младински парк во Македонска Каменица.

Вицепремиерот Николовски, упати честитки кон рударите и кон Општината за досегашните реализирани проекти за развој на Македонска Каменица.

“Сметам дека е од исклучителна важност младите во едно општество да имаат глас, во каква средина сакаат да живеат и да им биде отстапен простор да ја креираат, впрочем како што е направено со уредувањето на паркот пред кој стоиме. Нека биде ова мојата порака до сите носители на одлуки, направете простор за младите, во буквална и фигуративна смисла. За да ги задржиме младите мораме да креираме средина која го овозможува нивниот развој и не смееме сами да одлучуваме како таа ќе изгледа.

Македонска Каменица не е општина која е изоставена од нашиот план за рамномерен регионален развој. Оваа Влада работи на развојот на недопрениот источен и североисточен регион и ги фокусира инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава”, рече вицепремиерот Николовски.

Притоа, вицепремиерот Николовски, изјави дека сите мерки и проекти што се преземаат како планот за изградба на модерен ски-центар на Царев врв, патните инфраструктурни и други инвестиции, се во насока на подобрување на условите за живот и животниот стандард.

Градоначалничката Стаменкова, изјави дека континуирано се инвестира во развој на Општината, и за следниот период се предвидени крупни инвестициски проекти.
Честитајќи го Денот на рударите, вицепремиерот Николовски, потенцираше дека Владата ќе продолжи да ги поддржува и да ги унапредува нивните права.

„Веќе три години е на сила Законот за рударите, со кој се овозможува пензионирање без оглед на возраста на работниците. Сега рударите можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени, односно, ако до 2018 година просечната возраст на пензионирање кај рударите беше 58 години, согласно новиот закон може да се пензионираат по навршувањето на 50 години“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести