spot_img
18.8 C
Skopje
петок, август 27, 2021
spot_img

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19

Во текот на вчерашниот ден беа забележани 1082 нови случаи на коронавирус, 27 лица починаа, додека 492 се оздравени. Вчера исто така беше соопштено дека болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19.

Надлежните сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува.

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

– Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 74465, Активни 4710

Куманово 9997, Активни 847

Прилеп 8556, Активни 191

Тетово 9917, Активни 2021

Битола 6623, Активни 236

Велес 5686, Активни 178

Гостивар 7376, Активни 1531

Кавадарци 5377, Активни 175

Охрид 5413, Активни 366

Штип 5160, Активни 151

Струмица 4960, Активни 651

Струга 3449, Активни 447

Кочани 2956, Активни 123

Кичево 3435, Активни 619

Гевгелија 2272, Активни 73

Неготино 2215, Активни 27

Свети Николе 1628, Активни 87

Ресен 1366, Активни 115

Крива Паланка 1257, Активни 23

Радовиш 1296, Активни 99

Берово 1113, Активни 39

Делчево 1025, Активни 43

Дебар 1244, Активни 195

Виница 943, Активни 41

Пробиштип 818, Активни 29

Валандово 727, Активни 35

Богданци 518, Активни 24

Крушево 509, Активни 19

Демир Хисар 410, Активни 10

Демир Капија 401, Активни 3

Кратово 433, Активни 54

Македонски Брод 427, Активни 54

Пехчево 290, Активни 7

Македонска Каменица 260, Активни 10

Дојран 135, Активни 2

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести