21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Голем број загинати во два самоубиствени терористички напади пред аеродромот во Кабул

Најмалку 13 луѓе се убиени во серијата експлозии на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул, потврди Пентагон.  Според првичните информации, нападот се случил во непосредна близина на хотелот Барон кој се наоѓа спроти влезот на аерoдромот. Како што пренесуваат медиумите, меѓу загинатите има странски државјани и деца, а ранети биле припадници на талибански сили за безбедност.

Репортерот на Фокс Њус на Твитер објави дека се ранети најмалку тројца американски војници.

Ова се случи откако денеска беше објавен аларм од меѓународните организации за можен терористички напад.

Сирени, метеж, луѓето во турканици се обидуваат побегнат, а повредените се пренесуваат во болница.  Како што објави  Си ен ен станува збор за самоубиствен напад. Но, од Пентагон не даваат детали.

Утрината  се случија и престрелки на на аеродромот, во Кабул во кој загинаа дете и двајца возрасни.Талибански борци ги нападнале и ги застрелале Авганистанците кои чекале да бидат евакуирани од Кабул, каде безбедносната ситуација драстично се влоши по серијата предупредувања за заканувачки терористички напади од бомбаши -самоубијци, припадници на , терористичка група Исламска држава.

Ситуацијата е повеќе од драматична и се менува од час во час , пренесуваат западните агенции. Според нив во близина на аеродромот во Кабул има околу 30.000 луѓе, кои чекаат да бидат евакуирани од страна на САД. Американските трупи се повлекуваат на 31 август.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести