8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Американската потпретседателка Камала Харис пристигна во Виетнам откако патувањето беше одложено за три часа порад здравствен инцидент

Американската потпретседателка Камала Харис пристигна во Виетнам откако патувањето беше одложено за три часа поради загриженост поради необјаснет здравствен инцидент потенцијално поврзан со мистериозниот Хавана синдром.

Харис, одлучна да ги собере сојузниците во обид да се спротивстави на Кина, пристигна во главниот град на Југоисточна Азија по тричасовното чекање во Сингапур и невообичаената изјава на американската амбасада во Виетнам, која го обвини „можниот невообичаен здравствен инцидент“ за доцнењето.

Американската влада често го користи терминот  Хавана синдром за да опише состојба со симптоми како што се вртоглавица, гадење, мигрена и губење на меморијата. Први се разболеа американски службеници од Амбасадата на САД во Куба во 2016 година, па така овој синдром го доби своето име.

„Канцеларијата на потпретседателката беше информирана за извештајот за неодамнешниот можен невообичаен здравствен инцидент во Ханој, Виетнам“, соопшти американската амбасада.

– По внимателна проценка, беше одлучено патувањето на потпретседателката да продолжи – се додава во соопштението без да се наведат детали.

Околу 200 американски службеници и нивните роднини, вклучително и претставници на ЦИА, страдаа од „Хавана синдромот“, рече поранешниот директор на ЦИА, Вилијам Барнс.

Одборот на Националната академија на науките на САД во декември откри дека најверојатно е предизвикан од зраци на „насочена енергија“, додаде Барнс.

ЦИА забележува „многу голема можност“ дека синдромот е намерно предизвикан и дека Русија може да стои зад него, но се воздржува од конечни заклучоци додека истрагата не продолжи. Москва негира вмешаност.

Харис во неделата пристигна во Сингапур за првиот дел од нејзината посета на Југоисточна Азија. Таа во вторникот ја обвини Кина за притисок и заплашување на земјите околу спорното Јужно Кинеско Море.

„Дејствата на Пекинг продолжуваат да го поткопуваат владеењето на правото“, рече таа во Сингапур.

Кина тврди дека има поголемиот дел од морето богато со ресурси, но некои негови делови како свои ги сметаат ид руги земји, вклучувајќи ги Виетнам и Филипините кои се сојузници на САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести