spot_img
20.8 C
Skopje
среда, август 25, 2021
spot_img

Талибанците денеска го поставиле Мула Абдул Кајум Закир за вршител на должноста министер за одбрана во Кабул

Талибанците денеска го поставиле Мула Абдул Кајум Закир за вршител на должноста министер за одбрана во Кабул.

Во извештајот на Ал Џезира се наведува дека Закир е поранешен притвореник во американскиот камп Гвантанамо на Куба, објави Ројтерс.

Талибанските борци зазеле некои бази на ОН во Авганистан, претресле канцеларии и во еден случај побарале од стражарите да им обезбедат оброци за командантот и неговите луѓе, се вели во внатрешниот извештај на ООН.

„Талибанците не` советуваат да останеме во комплексот заради наша безбедност, што значи дека мора да бараме дозвола пред да имаме намера да ги напуштиме просториите“, се вели во извештајот за проценка на ризик на Одделот за безбедност (УНДС).

Во меѓувреме, светските медиуми пренесуваат дека талибанските лидери денеска изјавиле дека сакаат евакуацијата од Авганистан да заврши до 31 август и повторија дека нема да се согласат со продолжување на договорениот рок, објави претходно АП.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести