2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДВЕ ВООРУЖЕНИ ПРЕСТРЕЛКИ ВО СКОПЈЕ: Едната во кафеана, другата на улица

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два вооружени инциденти. Првиот се случил во угостителски објект во Сарај, а вториот во Чаир.

Имено, во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во с.Сарај, З.Ш.(48) од с.Глумово, Скопско, кој бил со уште три лица, испукал од пиштол кон неговиот шура Л.З.(47) од с.Ласкарци, Скопско, со кого имале нарушени семејни односи и кон Н.С.(35) од с.Глумово, но не ги погодил, по што со трите лица физички го нападнале Н.С.(30) од с.Глумово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 23: 30 часот, пак, во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата. Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести