spot_img
23.8 C
Skopje
среда, август 25, 2021
spot_img

ХАОС ВО ЛЕСКОВАЦ – ЦЕЦА ЗАИГРА БОСА ПРЕД 12.000 ЛУЃЕ И НАПРАВИ ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ (фото)

Игла немаше каде да падне на синоќешниот концерт на Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа во Лесковац.

Пред повеќе од 12.000 луѓе, балканската sвезда ги отпеа најголемите хитови, а публиката гласно пееше со неа до полноќ.

Во црн фустан, кој имаше шлоц до половината, Ражнатовиќ се појави пред публиката, која ја поздрави со громогласен аплауз.

– Мило ми е што вечерва повторно сум меѓу моите Јужњаци. Никогаш не заборавив од каде сум и од каде доаѓам – рече Цеца пред насобраната маса, а потоа додаде:

– Во право сте кога велите дека сите ние вечерва ќе покажеме што е мерак, бидејќи Лесковчани се фантастична публика и верувам дека заедно ќе направиме спектакл. Уште еднаш благодарам за дочекот и убавите желби – истакна музичката sвезда.

Веќе викендов, Цеца има концерт во Бугарија, а потоа и во Кикинда.

Погледнете како изгледаше концертот на Цеца во Лесковац во видеото, како и во галеријата во текстот,  некој на социјалните межи се пошегувал дека Цеца во Лесковац создала „колективен имунитет“!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести