20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

600 матуранти од Словенија сега морат да одат во карантин – Биле на екскурзија во Грција

Словенечките здравствени власти повторно предупредија на ризикот од патување во епидемиолошки црвени дестинации во Европа, откако биле откриени нови инфекции кај група од над 600 млади луѓе и нивните придружници кои биле на екскурзија во Грција.

„Ова се матуранти кои средината на месецот беа во грчките одморалишта, главно на островот Крф. Меѓу нив, 42 позитивни за коронавирус веќе се потврдени, а 10-дневен карантин е одреден за повеќе од 600 лица , вклучително и контактите кои ги имале во Словенија “, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

„Очекуваме сите организатори на вакви екскурзии да се вразумат и конечно да разберат дека земјите од црвената листа се опасни“, нагласил Крек, додавајќи дека од туристичките агенции се очекува да не ја загрозат епидемиолошката состојба во Словенија со вакви патувања.

Таму, во последните 24 часа биле потврдени 116 нови случаи на инфекција, а еден болен пациент починал. Расте и бројот на хоспитализирани, од кои сега има 75, од нив 18 на одделенија за интензивна нега, а 14-дневната инциденца на инфекцијата на сто илјади жители се зголемила на 166.

Со таков развој на настаните, Словенија наскоро ќе се најде на црвената епидемиолошка листа според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести, објавија словенечките медиуми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести