18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

МАЈКЛ ЏОРДАН УЖИВА ВО СПЛИТ – Со него носи и 25 шишиња скапоцен пијалок

Минувачите вчеравечер се собрале пред јахтата на Мајкл Џордан во Сплит, но, според неговото насмеано лице, тоа воопшто не му пречело.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, расположениот Џордан им мавтал на туристите кои му аплаудирале од крајбрежјето, додека постојано во уста имал цигара.

На луксузната јахта се одмора во друштво на сопругата Ивет Пријето, а наводно со себе донел и 25 шишиња текила „Clase Azul Plata“. Ако се земе предвид дека секое шише чини по 4.000 долари, тоа значи дека Џордан ја поткренал вредноста на јахтата за уште 100.000 долари.

Инаку, изнајмувањето на јахтата „О’Пари“, која Џордан вчера ја закотвил во Сплит, на неделно ниво чини милион евра.

Еден од најголемите спортисти на сите времиња слетал во Сплит во неделата околу 18 часот. Таму го чекале три комбиња, а Џордан во друштво со телохранителот се упатил кон сплитското крајбрежје каде се качил на луксузната јахта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести