Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека утрово околу 4 часот утрово во хотелот „Амбасадор“ во Ниш го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, објавија српските медиуми.
„Бјелогрлиќ налета и ја удри главата на Антонијевиќ“, тврдат сведоци од местото на настанот.
Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.
На Твитер се појави видеото од надзорната камера на хотелот каде синоќа се случи инцидентот меѓу Драган Бјелогрлиќ и Гага Антонијевиќ.
На видеото наводно се гледа како Бјелогрлиќ го напаѓа Антонијевиќ.
Двајцата, наводно, биле во конфликт веќе неколку години, а минатата година Антонијевиќ јавно го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп во 2016 година за да го поддржи филмот „Јесен самураја“ Бјелогрлиќ го негираше тоа.
