11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО: Силно невреме проследено со страшни грмотевици го погоди брегот на западна Истра во Хрватска

Силно невреме проследено со страшни грмотевици го погоди брегот на западна Истра во Хрватска. До 12:30 часот, најмногу дожд наврнало во регионот Ровињ, а станицата Истрамет на Палуд забележала дури 62 мм дожд. Во Ровињ, наврнале 26 мм, а пообилен дожд паднал во Пореч, каде локалната метеоролошка станица измерила 35 мм дожд. Во централна Истра, паднале помеѓу 5 и 20 мм, но таа количина, според Истрамет, ќе продолжи да расте и во наредните часови додека фронтот се движи кон исток. Кај Бриони биле забележани и три „пијавици“.

„Одеднаш почна да врне и грми. Бевме на плажа. Некои се уште пливаа, но наскоро сите бараа засолниште. Врнеше половина час. Ми се чинеше дека нешто се формира во далечината меѓу облаците , сѐ се случуваше брзо, изгледаше како пијавица што досега го имам видено само на сликите. Почна вториот бран на силни грмотевици и трчав кон вилата кај што бев сместен“, ја опишал ситуацијата на хрватскиот брег за „24 часа“ еден од туристите.

Инаку, во последните два часа во областа Истра, снимени биле речиси 6.500 удари од гром.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести