Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ и после 4 години на власт нема проект со кој може да се пофали, па се фали со проектите и инвестициите донесени од ВМРО-ДПМНЕ.95% од фабриките во ТИРЗ низ државата се дојдени во време на ВМРО-ДПМНЕ. Сите понатамошни инвестиции се во најголем дел реинвестиции на веќе постоечки компании во земјата.Успешната политика на привлекување на странски директни инвестиции се гледа и денес. Тие носат развој и креираат раст.СДСМ од опозиција го напаѓаше концептот на ТИРЗ, а сега не пропушта прилика да гребне дел од придобивките мислејќи дека народот е со кратко паметење.Инвестициите во ТИРЗ креираат додадена вредност за економијата, носат нови технологии во државата и платите се повисоки.За жал изминативе 4 години со СДСМ развојот на државата запре, но тоа наскоро ќе продолжи по промената на власта. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
