16.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Чекиќ: Економските политики на СДСМ даваат резултати, растат платите, економијата е развојна и динамична

Прес-конференција на СДСМ, Размена Дуровиќ Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ

Почитувани,

Економските мерки и политики кои ги реализираа Владата предводена од СДСМ даваат резултати, платите се зголемуваат, македонската економија е динамична и развојна.

Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1877 денари повеќе во однос на јуни минтатата година.

Просечната плата во држвата за четири години, односно од јуни 2017 година досега, е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари.

Повеќе пари кај работниците е реализација на концептот на СДСМ, парите кај граѓаните.

Затоа веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата, која денес изнесува 15.200 денари и ја израмнивме во сите сектори.

Почитувани,

Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст.

Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи сериозна стапка на раст од 9,5 отсто.

Извозот од државата во првите шест месеци од годинава е зголемен за 39,1 отсто, во споредба со истиот период лани. Истовремено увозот бележи раст од 38,7 отсто.

Во неизвесни услови на светска пандемија и еконосмка криза, институциите предводени од СДСМ со над милијарда евра им помогнаа на граѓаните и на компаниите.

Спасивме над 100.000 работни места. Помогнавме на над 400.000 граѓани и на повеќе од 35.000 компании.

Севкупната економска политика на владата на СДСМ дава резултати кои секој граѓанин ги чувствува во секојдневниот живот.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард и брз економски раст, кои градат силна, стабилна и развојна економија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести