6.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Компанијата Модерна започнува со тестирање на експериментална вакцина против ХИВ врз луѓето

56 здрави луѓе кои не се заразени со ХИВ, и кои се помеѓу 18 и 50 години, ќе учествуваат во првата фаза на тестирањето на Модерна. Целта на првата фаза е да се процени безбедноста на вакцината базирана на mRNA технологија и да се следи одговорот на човечкиот имунолошки систем.

Овие тестови доаѓаат по долгогодишно истражување за потенцијалот на mRNA вакцините, а Модерна и Фајзер се првите компании чии вакцини од овој тип се користат кај луѓето. Се покажа дека вакцините се генерално успешни во борбата против коронавирусот.

Модерна всушност ќе тестира две различни верзии на вакцината наречена mRNA-1644 (или mRNA-1644v2-Core), и тоа е првата mRNA вакцина дизајнирана за борба против ХИВ.

Четири групи ќе учествуваат во тестовите, две ќе добијат мешавини од различни верзии на вакцината, а две ќе ја добијат втората верзија.

Првата фаза ќе трае околу 10 месеци, проследена со втората и третата фаза со фокус на анализа на ефективноста на вакцината и спречување на ХИВ инфекција за општата популација.

Научниците се оптимисти, особено затоа што се работи за mRNA вакцина, пренесува Кликс.

Откако ќе се инјектира вакцината, клетките почнуваат да произведуваат специфични протеини кои вообичаено се наоѓаат на надворешноста на вирусот. Кога вистинскиот вирус ќе влезе во телото, телото го препознава зголемувањето на тој протеин и активира брз одговор на имунолошкиот систем со цел уништување на вирусот, со што се спречуваат посериозни состојби.

Исклучително е важно да се стимулираат антитела со цел телото ефикасно да се бори против ХИВ.

Во минатото, беше тешко да се создаде вакцина против ХИВ, бидејќи вирусот многу брзо ја инфицира човечката ДНК и ја менува неговата структура. Иако најперспективните методи вклучуваа стимулирање на антитела, научниците имаа потешкотии да ја предизвикаат оваа реакција со вакцината, но новата mRNA вакцина треба да биде различна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести